Локалната самоуправа, на 12-ти јуни ( петок) на градскиот плоштад „ Свети Климент Охридски“, во времето од 10 до 18 часот организира ДЕН НА ИДЕИ. Овој настан е дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески, а целта е да се оствари поблиска соработка со граѓаните.
Граѓаните ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи за подобра сегашност и иднина на Охрид пред претставниците на секторите и одделенијата на администрацијата на Локалната самоуправа.