Републичка ревија на песни, музика и игри на пензионерите на РМ

Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Драган Недељковиќ, во Македонската опера и балет се обрати на свеченото отворање на Републичката ревија на песни, музика и игри на пензионерите, манифестација која во континуеитет ги афирмира македонската традиција, македонскиот фолклор и изворното творештво.

На манифестацијата, на која присуствуваа и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, заменик-министерот Недељковиќ истакна дека Републичката ревија на песни, музика и игри е плод на силната желба, посветеноста и длабоката почит на пензионерите во негувањето на трајните културни вредности на нашата земја. Тој ја подвлече цврстата определба на Министерството за култура за соработка со здруженијата на пензионерите во земјава, која, како што рече, и во иднина ќе резултира со поддршка на нови и квалитетни проекти.

Во изминатиот период спроведовме повеќе значајни мерки со кои го подобривме статусот на пензионерите, меѓу кои има голем број истакнати уметници и културни работници. Се воведоа националните пензии со кои добитниците на врвните признанија за долгогодишни остварувања во културата или за животно дело остварија право на доживотен месечен надомест во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Република Македонија. Во соработка со Владата на Република Македонија, Министерството за култура овозможи 50% попуст за пензионерите за влез во сите институции од областа на културата во Република Македонија и можност да ги проследат сите културни манифестации и настани. Ова е уште една потврда дека грижата за пензионерите и изнаоѓањето на нови форми за заемна соработка никогаш не престануваат – истакна Недељковиќ..

На манифестацијата, која е во организација на Сојузот на пензионерите на Македонија, присуствуваа пензионери од сите општини во Република Македонија.

zamen_penzioneri_04a_640x400