Продолжува објавувањето репортажи за Охрид во реномирани магазини

Магичната Македонија, посебно Бисерот на Балканот – Охрид, на новинарот од Холандија Лео ван Маревијк му оставија голем впечаток за да ја напиша репортажата за Македонија и Охрид во еден од најпознатите и најреномирани магазини во Холандија – Магазинот АД.

По престојот во прекрасниот Охрид, воодушевен од убавините на градот и природното и култуно наследство, своите впечатоци преточени на хартија, во овој магазин беа презентирани пред бројните читатели во Холандија.

Покрај убавините на градот и туристичкиот потенцијал, во репортажата која опфаќа три страници во магазинот, потенцирано е дека Охрид е безбеден град каде туристите ќе имаат можност да ги истражат и уживаат во убавините на природата, богатата традиција, културно историските знаменитости како и гостопримството на жителите.

И оваа година Охрид е посакувана дестинација од страна на бројните туристи од разни земји, а посебно од страна на туристите од Холандија, кој што и се најбројни во последниве години.

Кликнете тука…