Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев учествува на Конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) којшто се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Во состав на делегацијата на СДСМ, покрај претседателот Заев се и заменик претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски.
Партиската делегацијата на СДСМ денеска во Будимпешта оствари средба со делегација на Лабуристичката партија од Велика Британија, предводена од генералниот секретар Иан МекНикол.
На средбата беше потврдена поддршката на Лабуристичката партија за СДСМ. Делегацијата на СДСМ ги повтори позициите на опозицијата и граѓанскиот сектор во рамки на разговорите коишто се одржуваат со посредништво на ЕУ и САД барајќи решенија за излез од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Македонија.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш акцентираше дека само преодна влада може да создаде минимум услови за организирање и одржување на фер и демократски избори во Република Македонија.
Во текот на денешниот ден претседателот Заев се сретна и со претседателот на Демократската партија на Србија, Бојан Пајтиќ. Во моментов во тек е средба со делегација на француската Социјалистичка партија.