Светски ден против злоупотребата на детскиот труд

Меѓународната организација на трудот (ILO) го започна Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд во 2002 година за да се фокусира вниманието на глобалниот степен на злоупотреба на детскиот труд и акција и напори потребни за да се елиминира. Секоја година на 12 јуни, Светскиот ден ги соединува владите, работодавачите и работничките организации, граѓанското општество, како и милиони луѓе од целиот свет за да се потенцираат маките на децата работници и она што може да се направи за да им се помогне.

Ширум целиот свет, голем број на деца се ангажирани во платена или неплатена домашна работа во домот, кај трето лице или кај работодавец. Овие деца можат да бидат особено ранливи на експлоатација. Нивната работа често е скриена од очите на јавноста, тие можат да бидат изолирани, и може да работат далеку од нивните семејства и домови. Приказните за злоупотреба на децата во домашните работи се многу чести.

Темата на Светскиот ден против злоупотребата на детскиот труд за 2015 година е: НЕ за злоупотреба на детскиот труд – ДА за квалитетно образование!