ЦЕИ Министерски состанок во рамки на Македонското претседателство

На 15-ти јуни (понеделник) во Охрид ќе се одржи Министерски состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ), во рамки на овогодинешното претседавање на Република Македонија со ЦЕИ.

На Состанокот ќе присуствуваат министри за надворешни работи и шефови на делегации од државите членки на ЦЕИ како Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија и Украина, а поканети се и специјални гости од Европската Унија, Европската банка за реконструкција и развој, Секретаријатот на ЦЕИ, ОБСЕ, Советот на Европа, Регионалниот совет за соработка, Република Косово и други.