Македонија и Германија договорија 400 дополнителни дозволи за еуро 5

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека на состанокот на Македонско – германската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија што се оддржа во Бон, Република Германија, парафиран е протокол на кој е договорено за 2015 година да се размени дополнителна квота од 400 билатерални транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандарди.

Исто така договорена е прелиминарна квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година и тоа:

– 2000 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 3 стандард

– 1000 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 4 стандард

– 4700 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандард

– 1000 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 6 стандард

– 150 дозволи за трети земји за возила со евро 4 стандард

– 450 дозволи за трети земји за возила со евро 5 стандард

– 50 дозволи за трети земји за возила со евро 6 стандард

– 10 годишни дозволи за возила со евро 4 стандард

– 50 годишни дозволи за возила со евро 5 стандард

– 5 годишни дозволи за возила со евро 6 стандард

Договорената квота на дозволи за 2016 година е за 1200 дозволи поголема од досегашната квота или за околу 18% повеќе.

Договорените квоти на дозволи во целост ќе ги задоволат потребите на Македонските превозници кои вршат превоз на стока до и низ територијата на Република Германија.