Светски ден на крводарителството

Темата на овогодишната кампања на Светскиот ден на крводарителството е: „Благодарни сме што го спасивте нашиот живот“. Темата се фокусира кон заблагодарување на крводарителите кои спасуваат животи секој ден преку донирање крв и ги поттикнува луѓето од целиот свет да донираат крв доброволно и редовно со слоганот: „Донирај слободно, донирај често. Донирањето крв е значајно!“

Целта на кампањата е да се посочат приказни од луѓе чии животи се спасени преку дарување на крв, како начин за мотивирање на редовните донатори на крв да продолжат со дарувањето крв, а исто така да започнат со донирање и луѓето кои никогаш не дарувале крв, а кои се во добра здравствена состојба.

WebOhrid