На вчерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Охрид, беше избран новиот состав на Извршниот Комитет. Оваа постапка е согласно Статутот на Партија и се очекуваше по оддржување на редовниот Конгрес во Куманово на која беше реизбран лидерот Никола Груевски.
На вчерашната седница беше избран и Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ. На ваа функција по втор пат беше избран досегашниот Генерален секретар, Емил Димитриев.
Во новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ има десет нови имиња од кои дел и досега и се познати на македонската јавност, но дел се освежување во Партијата како што и беше најавено на кумановскиот Конгрес.
Во новиот ИК беа избрани професорот на Економски факултет во Прилеп Никола Димески, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, професорот од Машинскиот факултет Христијан Мицковски, доктор Александар Митов, градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски кој во ова партиско тело се очекува да ги застапува интересите на граѓаните кои живеат и работат во руралните средини, претседателот на Градскиот Комитет на Унијата на Млади Сили до Скопје Лука Кржаловски.
Во новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ има избрано и претставник од Струга, тоа е Никола Затуровски, директор на средното училиште Нико Нестор, што всушност е најавена политика на ВМРО-ДПМНЕ кон овој град. За член на ИК на Партијата е избрана и Дафина Стојановска Ивановска од Гостивар, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гостивар. Нов член на ИК е и магистер по електро-технички науки Горан Јандреоски од Скопје, како и магистер по дефектолошки науки Нермин Телоска која е прв припадник на турската националност кој е член во ова високо партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ.
Во новиот состав на ИК на Партијата остануваат да членуваат Мартин Протуѓер, Никола Тодоров, Никола Поповски, Зоран Ставревски, Сашо Мијалков, Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска. Во Извршниот комитет членови се и Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски од Кичево, координаторот на пратеничката група Илија Димовски од Велес, пратениците Зоран Георгиевски од Куманово, Силвана Бонева од Струмица, Зоран Илиоски од Битола и Владимир Ѓорчев.
Во новоизбраниот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ членуваат и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, Миле Јанакиески и претесдателите на Униите на жени и млади, Даниела Рангелова и Владимир Нелоски.
И во овој состав на ИК на Партијата повторно се избрани пратениците Нола Исмајлоска и Фатмир Имероски со што партијата ја продолжи веќе зацртаната политика за инкорпорирање на Македонците со исламска вероисповест во своите редови и давање на континуирана поддршка кон нив.
Новиот состав на ИК на Партијата кој е спој на свежина и искуство во кадровската политика се очекува да ја продолжи успешната работа на ВМРО-ДПМНЕ.