Секојдневно низ парковите во Охрид никнуваат цвеќиња од новата летна цветна реколта. Садниците се од сопствено производство од расадникот кој функционира во рамките на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ кој за оваа сезона произведе 40.000 садници најразновиден цветен материјал.
„Со садниците се разубавуваат јавните зелени површини, а исто така нудиме широка понуда и за граѓаните и правните субјекти. Од богатиот асортиман го издвојуваме сега актуелното сезонско цвеќе од видовите петунија, газанија, бегонија, вербена, винка, агератум, импатиенс, салвија и др., потоа ружи (полианта, мини и класична) и голем број украсни садници и дрвца.“- велат од претпријатието.