Информации за прва помош на мигрантите

Од Министерството за здравство информираат дека во соработка со Црвениот крст, организирани се вкупно 3 мобилни медицински тимови (доктор, медицинска сестра и возач) во регионите во кои се движат мигрантите на територијата на Република Македонија.

Доколку има потреба од пружење прва помош кај некој од мигрантите, потребно е да се повика Црвениот крст на Македонија, на некој од следните телефонски броеви: 071 261 787, 070 257 994, 02 3139 578.

Мобилните медицински тимови на Црвениот крст вршат тријажа и пружат прва помош, а по потреба повикуваат и Итна медицинска помош и мигрантите добиваат медицинска помош во јавна здравствена установа од повисоко ниво на здравствена заштита.