Виц

Информатичар доживеал бродолом и се нашол на пуст остров. Шест месеци никој не поминал. Едно сабајле се буди и гледа раскошна плавуша со големи гради како стои пред него.

– Ајде пакувај се одиме кај мене од другата страна на островот! – му рекла таа.

Кога оди таму, што да види. Голема куќа, фрижидер, телевизор, базен…

– Ај оди искапи се и дојди! – повторно му вели таа.

Се капел овој цел саат, излегува среќен, а плавушава го пречекува и почнала да го откопчува бикинито:

– А сега ќе добиеш нешто што не си го правел 6 месеци…

– Ај не зезај, имаш и интернет?!