Од понеделник комуналниот отпад ќе се подигнува од шест часот

ЈП „Охридски Комуналец“ ги известува корисниците на своите услуги – физички и правни субјекти, дека во периодот од 29-ти јуни(понеделник) до 31-ви август (понеделник) комуналниот отпад ќе се подигнува од 06.00 часот наутро.

Од претпријатието велат дека овие активности се спроведуваат, со цел за време на туристичкиот шпиц нивото на услужната хигиена да се одржи на највисоко ниво.

DSCN09111