Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Ј.С. (58) од Велес – извршен директор на АД „Велеспром“ Велес во периодот од 2000 година до 17.01.2013 година, И.Т. (53) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 16.01.2003 -17.01.2013 година, сопственик/управител на „Тедико“ Илија ДООЕЛ Велес, Д.Т. (60) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 16.01.2003 -17.01.2013 година ,С.Л. (52) од Велес – член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 27.10.2006 -08.11.2012 година , Д.Т. (43) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 27.10.2006-08.11.2012 година и З.Т. (54) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 16.01.2003 -17.01.2013 година , поради основи на сомнение дека во временскиот период 2006-2007 година сториле три кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и едно кривично дело „оштетување или повластување доверители“ со што на останатите акционери на АД „Велеспром“ Велес им нанеле значителна штета од 17.559.685 денари.
Во периодот 2006-2007 година пријавените лица во својство на службени и одговорни лица, по претходен заеднички договор, донеле Одлука и склучиле Договори за продажба на деловен простор сопственост на АД „Велеспром„ Велес, во услови кога друштвото е несолвентно и сметката е блокирана повеќе од 45 дена. Така, во ноември 2006 година, Одборот на директори на АД „Велеспром“ Велес донел Одлука за продажба на деловен простор-продавница со површина од 168м2, на фирма од Велес, за што е издадена и наплатена фактура од 5.416.216 денари. Во Декември 2006 година, Одборот на директори на АД „Велеспром“ Велес донел Одлука за продажба на деловен простор со површина од 51,95м2 на физичко лице од Велес, за што е платен износ од 1.608.057 денари. Така добиените средства од продажбите во вкупен износ од 7.024.273 денари ги исплатиле како позајмица на второпријавениот кој е сопственик/управител на „Тедико Илија“ ДООЕЛ, мнозински акционер во АД „Велеспром“ Велес и член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес, иако знаеле дека исплаќањето на позајмицата претставува зделка со заинтересирана страна.
Со наведеното, пријавените им нанеле значителна штета на останатите акционери на АД „Велеспром“ Велес од 7.024.273 денари. Во текот на 2006 година пријавените во својство на службени и одговорни лица, по претходен заеднички договор, во услови кога друштвото е несолвентно и сметката е блокирана повеќе од 45 дена, донеле Одлука на собрание на акционери со која се одобрува ставање хипотека на недвижен имот сопственост на АД „Велеспром“ Велес како гаранција заради обезбедување на кредитно побарување на „Тедико Дисконти“ Велес.
Имено, во ноември 2006 година склучен е Договор за рамковен револвинг кредит помеѓу АД „Тутунска банка“ Скопје и ДПТУ „Тедико Дисконти“ Велес, во кој АД „Велеспром“ Велес е заложен должник, односно, Договор во кој АД „Велеспром“ Велес заложил имот под налог за рамковен револвинг кредит во корист на „Тедико Дисконти“ Велес проценет на износ од 1.801.340 евра.
Во 2013 година, врз основа на рамковниот револвинг кредит на „Тедико Дисконти“ што е одобрен од Тутунска банка Скопје, при постапка за извршување врз недвижност сопственост на АД „Велеспром“ Велес, преку извршител извршена е продажба на недвижност во вкупна вредност од 5.700.000 денари, односно, износ со кој им нанеле значителна штета на останатите акционери на АД „Велеспром“ Велес.
Исто така, во октомври 2006 година, Одборот на директори на АД „Велеспром“ Велес донел Одлука за продажба на деловен простор-пекара со површина од 149м2 и 42м2, на фирма од Велес, за што била договорена цена од 67 000 евра плус ДДВ од 18%. Но, наместо средствата од продажбата да завршат во АД „Велеспром“ Велес, пријавените во својство на Извршен директор и членови на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес, склучиле Цесија (договор за отстапување), со која, побарувањето кое АД „Велеспром“ Велес го има кон фирмата-купувач од Велес по основ на продажба на деловен објект, се отстапува на „Тедико Транс Интернационал“. Согласно Цесијата, фирмата-купувач од Велес во октомври 2006 година го уплатила износот од 4.835.412 денари на сметка на „Тедико Транс Интернационал“, иако помеѓу АД „Велеспром“ и „Тедико Транс Интернационал“ не постојат должничко-доверителни односи.
Со наведеното, постојат основи за сомнение дека пријавените сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „оштетување или повластување на доверители“ со што на останатите акционери на АД „Велеспром“ Велес и останатите доверители меѓу кои и РМ им нанеле значителна штета од 4.835.412 денари