Градоначалникот Бакрачески оствари средба со охридските Египќани

Градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески, оствари средба со делегација на охридските Египќани, предводена од Петрит Хусеин и Демир Далип. На средбата беа разменети мислења за интеграцијата на Египќаните во градот Охрид, како и нивните проблеми со кои се соочуваат.

Градоначалникот Бакрачески со пријателски пристап, во рамките на неговите надлежности вети поддршка за овој ранлив и автохтон Етникум во Охрид.

Египќаните на градоначалникот му посакаа успешен мандат во наредните 4 години, а воедно изразија и видно задоволство од приемот и реализираната средба.

Sredba03 Sredba02WebOhrid