Се урна американски воен авион

Американски воен авион се урна доцна синоќа во сојузната држава Аризона, а при падот удрил во гасовод и предизвикал пожар, соопштија американски официјални претставници.

Засега нема информации за евентуални жртви, како и за типот на авионот.

Спасувачки екипи веднаш пристигнале на местото на несреќата, која се случила на околу 13 километри северно од Даглас, во близина на границата со Мексико.

Портпарол на Федералната администрација за авијација изјави дека авионот полетал од воздухопловната база Дејвис-Маунтан, која е оддалечена 160 километри од местото на инцидентот.

https://www.youtube.com/watch?v=cVwozLhse8g

Извор: Нет Прес