Заплена на околу два килограми марихуана

Во вторникот околу 19,30 часот на крстосницата од регионалниот пат Гостивар-Дебар со магистралниот пат Гостивар, при вршење мотопатролна служба, полициски службеници од ПО-Маврово запреле ПМВ “Цитроен Ц2“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(28) од с.Долно Палчиште, тетовско, додека пак како сопатник во возилото бил А.Ј.(29) од с.Голема Речица, тетовско. При извршената контрола, во предниот дел на совозачкото место, во делот под маската, покриени со теписонот биле пронајдени две најлонски кеси со непозната тревкаста материја со вкупна тежина од околу 2 кг. По извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана. Од страна на судија на претходна постапка на лицата им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

https://www.youtube.com/watch?v=RyCYNlfL4bQ