Конкурс за ангажирање лица при организација на ЕП за кошаркари до 16 години во Охрид и Струга

Европското првенство за кошаркарки до 16 години во Охрид и Струга ќе се одржи од 13 до 23 август, а ќе настапуваат 20 репрезентации меѓу кои и Македонија. Ќе бидат избрани вкупно 57 лица, од кои 19 задолжени за гостинските репрезентации, 6 одговорни лица во хотелите на десковите за информации, а останатите лица ќе бидат ангажирани во спортските сали.

Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со наслов „За конкурс за ЕП во Охрид и Струга“. При испраќањето, задолжително е да се избере позицијата за која се аплицира:

– Водич на репрезентациите (team atache)

– Одговорно лице во хотелите на деск за информации

– Одговорно лице за во спортска сала

– Одговорно лице за логистика

– Најавувач на натпревар

– Редарска служба

Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 28 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик. Предност ќе имаат лицата кои доаѓаат од регионот каде што се одржува Првенството, поточно од Охрид и Струга.

Рокот за пријавување е до 10 јули во 14:00 часот. Ден по завршувањето на рокот за пријавување, избраните ќе бидат исконтактирани од одговорните лица од Локалниот организациски комитет на Првенството. Ангажманите на избраните апликанти почнуваат на 11 август и траат непрекинато до крајот на Првенството.

Со сите избрани лица ќе бидат склучени договори.