Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во четврток навечер во Софија ќе организира „Денови на македонскиот туризам”, пред партнерите и пријатели од Бугарија, тур оператори и претставници на медиумите.
Настанот се организира со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја.
Настанот ќе биде збогатен со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра , а најсреќните ќе имаат можност да бидат добитници на автентични производи од Македонија, тоа се охридските бисери, филигранот со македонски рубин и се разбира викенд во Охрид за двајца.
Македонија и Бугарија како две соседни земји имаат многу заеднички работи, земји чија сегашност и чија историја се нераскинливо поврзани. Една од нив е туризмот, односно туристичката размена. Соработката меѓу Македонија и Бугарија е на високо ниво, за што се надевам дека оваа тенденција на пораст на туристичка размена ќе остане и во иднина.
Успешните промотивни активности на АППТРМ на туристичкиот пазар во Бугарија, позитивно се одразија на зголемување на број на туристи од Бугарија кои во последните неколку години изнесува повеќе од 15%.
Со оглед на тоа дека бројот на туристи од година во година расте, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе продолжи и понатаму да ја дава потребната поддршка на странски тур оператори преку доделување на субвенции за странски туристички промет во државата.
Но тоа не е единствениот фактор кој придонесе за пораст на бројот на туристи во Македонија од Бугарија. Неколку години по ред се реализира медиумка кампања која се покажа како успешна и продолжуваме со исто темпо и оваа година. Започнавме со билборд кампања, медиумска кампања во печатените медиуми, дневните весници Труд, 24 часа и Стандард како и промоција на македонските туристички потенцијали и на Националното Бугарско радио“, се вели во соопштението на Агенцијата.