Потпишан Договор за соработка помеѓу Регулаторните комисии за енергетика на Македонија и Бугарија

Денес во Скопје се потпиша Договор за соработка помеѓу Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (РКЕ) и Регулаторната комисија за енергетика и води на Република Бугарија (РКЕВ). Договорот, во име на РКЕ, го потпиша претседателот и член на РКЕ, Димитар Петров, додека во име на РКЕВ, Договорот го потпиша членот и шеф на делегацијата, Александар Јорданов. Со Договорот за соработка се надградува досегашната пракса на добра соработка помеѓу регулаторните комисии од двете држави и се воспоставува институционална рамка за продлабочување на соработката на билатерално и мултилатерално ниво, размена на…

повеќе...

Кривична пријава за бугарки кои вршеле џепни кражби низ Скопје

СВР-Скопје-Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар до надлежното ОЈО, за два одделни случаи, поднесе кривична пријава против лицето Ѓ.С. (65) од Скопје, како и против лицата И.М.Е. (21) и М.Ј.Г. (57), бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело -“кражба“ (џепна) предвидено и казниво по чл.235 ст.1 од КЗ на РМ. Во првиот случај на пријавениот Ѓ.С. од страна на судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор во траење од осум дена, во вториот случај за двете бугарски државјанки Судија на претходна…

повеќе...

„Писма од земјата“ – авторскиот Моно-спектакл на Никола Тодороски во недела ќе гостува во Софија

По успешното прикажување на авторскиот Моно-спектакл на Никола Тодороски, ПИСМА ОД ЗЕМЈАТА, на интернационалниот фестивал за монодрама во Битола, претставата ќе ја доживее својата премиера во познатиот софиски театар Салза и Смјах. На 15 мај со почеток во 19:00 часот софиската публика ќе има можност да ја погледне претставата која настана како копродукциски проект помеѓу Никола како автор на проектот и Народен Театар Охрид. „За мене оваа премиера претставува огромно задоволство. Среќен сум што дел од репертоарот на Народен Театар Охрид ќе излезе од границите на државата. Да се настапува…

повеќе...

Работна средба на министерката Канческа-Милевска во рамки на меѓународната фондација Форум на словенски култури

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Софија, оствари работна средба со министерот за култура на Р. Бугарија Вежди Рашидов и со Андреа Рихтер директор на меѓународната фондација „Форум на словенски култури“. На средбата се разговараше за соработката во рамките на оваа еминентна организација чија цел е зачувување на културните традиции на словенските народи и нивното промовирање како трајни и универзални вредности во глобални рамки. Директорката на форумот Рихтер на средбата истакна дека за време на мандатот на министерката Канческа-Милевска како претседател на Управниот одбор на оваа еминентна организација е…

повеќе...

Македонија доби хуманитарна помош од Бугарија за мигрантите кај Табановце

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со Анжелина Тотева началник на политичкиот кабинет на премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов во присуство на Н.Е Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, и на Рајчо Жељазков советник за економски прашања во амбасадата на Република Бугарија во Македонија при што ја прими донацијата во хуманитарна помош од Бугарија наменета за мигрантите кај Табановце. Министерката Ташевска-Ременски срдечно се зблагодари за донацијата која е на иницијатива на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а е во соработка со бугарскиот…

повеќе...

Средба на министрите за внатрешни работи и одбрана на Македонија и Бугарија

Денес ГП Ново Село –Златарево се одржа средба на министрите за внатрешни работи и одбрана на Република Македонија  Оливер Спасовски и Зоран Јолевски и министрите за внатрешни работи и одбрана на Република Бугарија Румјана Бачварова и Николај Ненчев. Министрите разменија информации и меѓусебни искуства и се договорија да се зајакне соработката за полесно справување со проблемот со мигрантите. „Ова е многу важна средба затоа што овие министерства се надлежни директно да се справуваат со бегалската криза. Оваа криза добива на интензитет од ден на ден и затоа мораме да бидеме…

повеќе...

Министерствата за култура на Македонија и на Бугарија потпишаа програма за културна соработка за периодот 2015-2017 година

Во рамките на Вториот форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од централна и од источна Европа, кој се одржува во Софија, денеска беше потпишана Програма за културна соработка меѓу Министерствата за култура на Република Македонија и на Република Бугарија за периодот 2015-2017 година. Оваа програма за културна соработка е од исклучителна важност, бидејќи таа претставува правна рамка за уште поголемо продлабочување на културните врски помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, кои негуваат одлични односи во сите области од културата. На средбата беше истакнато дека двете земји…

повеќе...

Mинистерката за култура во работна посета во Бугарија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Бугарија каде што ќе учествува на вториот Форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од централна и од источна Европа. Во рамките на Форумот, денеска е предвидено министерката за култура да има свое обраќање на панел-дискусијата на тема „Актуелните предизвици во управувањето со културното наследство и размената на културни добра“, а ќе оствари и билатерални средби со повеќе министри за култура на земјите од регионот, меѓу кои и со бугарскиот министер за…

повеќе...

Претседателот Иванов во посета на македонскиот Културно-информативен центар во Софија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска во рамки на работната посета на Бугарија, го посети Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, кој годинава одбележува јубилеј 10 години од функционирањето. На средбата со директорот на Центарот Васко Шутаров се разговараше за дејноста и за досегашните активности на КИЦ. Претседателот Иванов упати честитки за досегашната работа на Центарот, кој е вистински репрезент на македонската култура во Бугарија. Шутаров, посетата на претседателот Иванов на македонскиот храм на културата овде во Бугарија ја смета за охрабрување на културната дипломатија и поддршка на…

повеќе...

Иванов – Плевнелиев: Да се интензивираат преговорите за договорот за добрососедство

„Бугарија е подготвена во секој момент да излезе со поддршка за Македонија и во НАТО и во европските интеграции. За преговорите за договорот за добрососедство заеднички став на двајцата претседатели е дека треба да се вклучат и самите министри за надворешни работи, со цел договорот поскоро да се финализира”, изјави денеска во Софија претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по средбата со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев. “Имавме одлична средба со претседателот Плевнелиев во конструктивен дух, со многу начини како да дојдеме до решение за прашања како што е договорот…

повеќе...