Мигрантка од Сирија се породи во Македонија

Денес, околу 11.00 часот, во близина на граничната линија, патролен тим од Полициската станица Богородица пронајде две лица, илегални мигранти, од кои едното лице веднаш побарало медицинска помош. Веднаш е утврдено дека се работи жена која имала породилни болки. Патролнот тим веднаш известил за потребата од доктор кој дошол на лице место. Потоа од патролниот тим. Сите се пренесени во здравствениот дом во Гевгелија, каде истата како итен случај е прифатена и родила здраво женско дете. Од страна на лекарскиот тим се извршени оперативни дејства кои се потребни и сега лицето е во стабилна состојба и ќе остане во Здравствениот дом во Гевгелија додека е потребно.

По проверката на идентитетот, утврдено е дека станува збор за сириските државјани M.С.(1987) и А.Н.(1994), двајцата родени и живеат во Дамаск.

Од страна на родителите дадено е име на девојчето, родено 26.06.2015 година во Гевгелија и ќе отпочне постапка за комплетирање на сите потребни документи за детето и добивање на Извод на родени.

Од разговорот што е направен со таткото, посочено е дека истите се Сириски државјани со потекло од Палестина и живееле во Јармук Кампот кај Дамаск. Заради тамошната состојба, истите пред околу 2 месеци заедно со група од други лица, вкупно 40, тргнале со возила да одат до Турската граница. Таму слегле од возила и пеш влегле во Турција од каде пронашле други возила кои ги возеле се до Измир. Од Измир сите 40 лица, со мал брод, по воден пат, илегално стигнале на островот Самос (во близина на Кушадаси), каде бидејки се на територија на ЕУ побарале помош и полиција за да се пријават мислејки дека со тоа за нив патувањето е завршено и ќе можат слободно да патуваат понатаму до Германија. Истите се пријавени и имаат грчки документи со датум од 18 и 20.06.2015 издадени од страна на грчката полиција.

Потоа после еден ден тие двајца сами тргнале со брод за Атина. Од Атина другиот ден со воз тргнале за Солун и бидејки немале како да патуваат понатаму, се споиле со друга група на мигранти и тргнале пеш, за да после 3 дена стигнале до македонската граница каде денес беа откриени и прифатени.

Истите изразиле намера да одат за Германија каде има М.С. има сестра и брат кои веќе добиле азил и се наоѓаат во градот Хамбург.