Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија.
Од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде поевтин за половина денар и ќе се точи за 71 денар по литар, а за исто толку поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98 кој ќе се продава за 73 денари по литар.
Дизелот поевтинува за денар и половина и од полноќ на бензинските пумпи во Македонија ќе можете да наточите еден литар за 55 денари.
За 1,5 денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по 43,5 денари за литар.