Во два одвоени случаи кај двајца охриѓани пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(20) од Охрид поради постоење основи на сонмнение за сторено кривично дело „овозмозжување на употреба на наркотична дрога“. На 16-ти октомври минатата година во 21,00 часот во Охрид од страна на полициски службеници бил затекнат пријавениот во момент кога им овозможил употреба на наркотична дрога марихуана на две лица од Охрид, при што кај пријавениот се пронајдени и 0,25 грама марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(25) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозмозжување на употреба на наркотична дрога“. На 20-ти јули минатата година во 03,15 часот во Охрид од страна на полициски службеници бил затекнат пријавениот во момент кога им овозможил употреба на наркотична дрога марихуана на две лица од Охрид, при што кај пријавениот се пронајдени 1,72 грама марихуана.