Спасов: Унапредување на стандардите со повеќе вработени во градинките

Во детските градинки во земјава ќе се трансформираат договори за хонорарци и волонтери на 662 вработени во редовен работен односно согласно законот донесен на почетокот на годината.

„Трансформацијата ќе се реализира во 3 фази односно околу 230 согласности и договори за транформација ќе бидат потпишани веднаш односно до крајот на овој месец, потоа во втората фаза се околу 220 договори и во третата фаза околу 200 договори. Со тоа значително се подобруваат и унапредуваат стандардите и 662 вработени ќе добијат редовен работен однос во детските градинки“, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешното поставување камен темелник на нова градинка во Пинтија.

Спасов појасни дека дополнително до почетокот на оваа година и минатата година вкупно 250 нови вработувања се обезбедија во детските градинки што е дополнително унапредување на стандардите во детските градинки.

„Еден од нашите приоритети е континуирано зголемување на стандардите во детските градинки во рамките на тој приоритет и во рамки на континуираното зголемување на бројот на вработени согласно стандардите за згрижување деца во предучилишна возраст.“- рече Спасов.