Охрид и Струга: Социјална правда сега!

Иницијативата „Социјална правда сега“ го продолжува својот карван во Охрид и Струга. Вести за социјална (не)правда во својот град, охриѓани ќе имаат можност да ги гледаат во живо на централниот плоштад,  денеска со почеток во 20:30 часот, а стружани утре пред хотелот Белград со почеток во 20:30 часот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода заедно со Македонската платформа против сиромаштијата ја поведоа иницијативата со цел да се разоткрие тешката социјална положба во Македонија, посебно на локално ниво. Цивил Медиа и во овие два града ќе продолжи да продуцира видео прилози кои објективно ќе ја информираат јавноста за кршењето на човековите и работничките права.

Во интерес на објективното информирање и медиумската слобода, редакцијата на Цивил Медиа ја користи методолошката алатка STREET MEDIA. Тоа подразбира снимање и продуцирање на видео проекции, „вести во живо“, на плоштадите низ Македонија.

Инцијативата „Социјална правда сега“ им овозможува на присутните да учествуваат со прашања и кометари за социјалните проблеми во нивните средини на кои им одговараат претставници на граѓанското општество.