Пред почетокот на културно-уметничките манифестации кои на најрепрезентативен начин го претставуваат Охрид во текот на туристичката сезона, ЈП „Охридски Комуналец“ презема вонредни активности за зголемување на хигиената на локациите каде ќе се реализираат манифестациите.
Пред почетокот на „Балканскиот фестивал на народни песни и ора“ темелно се расчистува локацијата „Долни Сарај“: просторот од летната сцена и паркинг-просторот се расчистува од расфрланиот отпад, а околниот простор хортикултурно се уредува со косење на тревата и кастрење на суви и надвиснати гранки. Во овие активности ангажирани се 10 вработени од „Јавна хигиена“ и „Паркови и зеленило“.