Вчера издадени 657 потврди по основ на барања за азил на странски државјани

Во текот на вчерашниот ден, заклучно со 08.00 часот утринава, Министерството за внатрешни работи издаде 657 потврди на странски државјани кои изразиле намера да бараат азил во РепубликаМакедонија.

Вклучувајќи ги нив, во периодот од 19.06.2015 до 01.07.2015 година, вкупно се издадени потврди на 5.915 странски државјани, од кои, 4.670 се од машки пол, 728 се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште десет деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 3.765, потоа Авганистан- 548, Ирак- 350, Пакистан- 275, Сомалија- 246, Конго-237, Палестина-162 додека останатите се во помал број.

Во текот на денот беа регистрирани два покарактеристични настани на јужната граница. Во првиот случај, околу 14.00 часот, униформирани полициски службеници од ПС за ГН и ГП Богородица во близина на граничната линија кај Гевгелија, пронајдоа и згрижија едно онесвестено машко лице и една бремена жена која имала болки. Поради неможност на ангажирање на тимот од УНХЦР за згрижување на лицата, тоа е сторено од страна на полициските службеници, при што лицата се транспортирани до Здраствен Дом Гевгелија, за укажување на прва помош. Утврдено е дека станува збор за двајца државјани на Камерун T.O.(1980) и T.Р.(1980). Лицата после укажаната лекарска нега во стабилна состојба ја напуштиле болницата.

Во вториот случај, околу 15.00 часот, во близина на истата гранична кота, патролен тим пронајде женско дете по име M.A.(2010) од Сирија. Веднаш е отпочната интензивно пребарување на теренот во соработка со УНХЦР и во 20.00 часот во близина на Гевгелија се пронајдени родителите на детето по што истите во 21.00 часот се споени во просториите на ПС за ГП и ГН Богородица. Утврдено е дека се работи за лицата M.A.(1984) и C.A.S.(1979) од Сирија.На лицата им се издадени Потврди за искажаната намера за поднесување на Барање за признавање право на азил и се предадени на УНХЦР.

Во периодот од 07.00 часотна 30.06.2015 до 07.00часот на 01.07.2015 година нема вакцинирани лица. Извршена е дезинфекција во Кумановона 800 м2 вагони и 200 м2 чекална и перон. Потоа дезинфекција на вагони Табановце од 400 м2 и дезинфекција Скопјена 800 м2 вагони.