На Градскиот плоштад и плоштадот Чинар, денес, со почеток во 19 часот започнува ширењето на позитивната енергија од артистите на „Баскерфест“. Први од караванот на среќата кои ќе настапат на Градскиот плоштад се бендот „Barbarossa“ кои со нивниот музички перформанс ќе ја загреат атмосферата, а таа ќе продолжи со акробациите на жица на светски познатиот артист Chris Bull. По завршувањето на точката на Chris Bull следуваат настапите на „Mostacho“ , ,,Denda Jorge Martin”, жонглерите ,,Spinus”, ,,Carota Payaso”, понатака следува „Parkur”, фајар шоуто на „Golden Branch” и за крај на првиот ден од „Баскерфест“ на Градскиот плоштад повторно ќе настапат „Barbarossa”.
Шоуто на плоштадот Чинар ќе го започнат жонглерите ,,Spinus”, па ќе продолжи со ,,Carota Payaso”, магионичарските трикови на Кристијан, ,,Diogo”, „Barbarossa”, „Mostacho”, „Denda Jorge Martin”, „Diogo”, а крајот од првиот ден на плоштадот Чинар е резервиран за „Parkur”.
Првиот ден на „Баскерфест“ нуди разновидна забава за сечиј вкус и за секоја возраст. Од музички перформанс, акробации на жица, жонглери, кловнови, па до фајар шоу. „Баскерфест“ е забава за целото семејство.