Завршна фаза на изградбата на патеката кон хотелот „Парк“

Делот од рекреативната патека до хотелот „Парк“ во должина од 210 метри е во завршна фаза. Денска , ЈП „ Нискоградба“ завршува со бојадисувањето на делот од асфалтот што е предвиден за велосипедска патека, а ЈП „Проаква“ ги монтира на фонтаните, а ЈП „ Охридски комуналец“ ќе го исчисти целиот простор каде се одвиваа градежни работи.

Со веќе поставеното ново осветлување, патеката е во функција и ќе претставува најуреден простор за проешетки крај езерото и за рекреација на граѓаните и туристите.

Pateka_Park_4852_cr