Лица од Албанија вршеле незаконит риболов кај Радожда

Вчера во 13,00 од страна на полициски службеници од Полициската Станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, од правец на Св.Наум према караула Радожда, на околу 2км од граничната линија во територијата на РМ, во водите на Охридското Езеро бил забележан чамец, во кој имало три лица. Откако забележале дека полициските службеници им се приближуваат, во езерото ги фрлиле рибарските мрежи и се упатиле во правец на државната граница кон Р.Албанија. Од страна на полициските службеници, на околу 1.500 метри од државната граница, чамецот бил запрен при што во него биле затеканти Ј.Ш.(21), Д.Б.(18) и едно 5 годишно дете сите од Р.Албанија. Од извршениот преглед во чамецот бил пронајден риболовен алат и девет парчиња риба (5-пастрмка и 4-белвица со вкупна тежина од 1.400кгр.) Од Ј.Ш., со потврда за привремено одземени предмети одземено е метално кајче и пента за истото, кои се предадени во ПС за ГН„Охридско Езеро“ за понатамошна постапка. Во 15,00 часот, лицата се предадени на полициски службеници од ПС за ГН„Франгово“ за понатамошна постапка.