Ќе се служи литургија во црквата „Света Недела“ во Долно Коњско

По повод една година од осветувањето на Црквата „Св.Недела“ во Долно Коњско, утре (недела) ќе се служи Света божествена литургија. Литургијата ќе се служи со почеток во 7:30 часот, а ќе чиноначалстува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.

Инаку,  црквата „Света Недела“,  беше осветена на 13-ти јули минатата година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.

konjskoosvetuvanje1 konjskoosvetuvanje

WebOhrid