Претседателот на МОК, Васил Тупурковски, на денешната свеченост, која се одржа во МОК, по повод освојувањето на бронзениот медал на ЕИ БАКУ 2015, на Емил Павлов и Мартин Несторовски им ги додели наградите во износ од 1500.oo евра, обезбедени од страна на Европските олимписки комитети.
На двајцата каратисти и на нивниот селектор Петар Белистојановски од страна на МОК, им беа доделени и слики со нивна акција од борбите во кои тие го освоија бронзениот медал.
По тој повод Емил Павлов и Мартин Несторовски изјавија голема благодарност до МОК, надевајќи се дека каратето ќе стане олимписки спорт на ЛОИ ТОКИО 2020 и дека токму тие ќе бидат носители на олимписки медал.