По иницијатива на СВР-Битола и предходно изготвен план за превентивни мерки и активности по повод “Пиво фест ” 2015 Прилеп, во просториите на Локалната самоуправа Прилеп беше реализиран состанок на Локален совет за превенција –Прилеп.
На состанокот со кој претседаваше градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, беа командирот на ПС од ОН Прилеп, Јавен Обвинител, Раководителот од Отсекот за Превенција при СВР Битола, Портпаролот на СВР Битола, самостоен инспектор за превенција по ЈРМ, Раководителот на НККР-Прилеп, Командирот на ПО за БПС Прилеп ,како и претставници од локалните Јавни Претпријатија, ДЗС, ЦУК, Агенција за обезбедување на настанот, здравство и други надлежни фактори задолжени за безбедно спроведување на Манифестацијата.
На состанокот беа наведени сите безбедносни мерки кои се потребни да се превземат, како и најавени се и следни состаноци со јавни претпријатија се со цел договарање на детали и завршување на активностите.
Во делот на совети за граѓаните преку медиумите непосредно пред одржувањето на манифестацијата ќе се апелира за почитување на законите, а воедно ќе се советуваат граѓаните за самозаштита.
Исто така од страна на СВР- Битола – ПС Прилеп беа акцентирани апелите до граѓаните што и во наредните денови ќе бидат пласирани преку средствата за јавно информирање а се однесуваат на безбедноста и сигурнаста на граѓаните. Меѓу другото, да не се управуваат возила по дејство на алкохол или наркотични средства, поголема будност поради можноста од џебни кражби, при што најчеста мета се паричниците и мобилните телфони, да не се оставаат вредни предмети во возилата, строга забрана по однос на неовластено пукање и употреба на оружје и пиротехнички средства и друго.