Во селото Велгошти во манастирот „Св. Петка“ се одржа чествување по повод 114 години од формирањето на првата охридска чета. По тој повод свежо цвеќе положија претставници на МК на ВМРО–ДПМНЕ – Велгошти и Месната заедница на с. Велгошти. И оваа година Локалната самоуправа не покажа интерес за организирање на овој настан.
Свое обраќање имаше и претседателот на Месната заедница Јоне Арнаудоски.
„Ние како Велгоштани и понатака ќе продолжиме да го негуваме чествувањето на овој настан.“– истакна Арнаудоски.
Инаку на формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, мајката на Христо Узунов, Наум Цветанов, Андреј Христов и други видни членови на организацијата, при што за војвода е избран Никола Русински, а негов заменик Ристо поп Трпески од село Велгошти.