Земјено запрашување против комарци и ноќни пеперутки на територијата на Општина Охрид

Локалната самоуправа во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје утре, петок, сабота и недела (9, 10, 11 и 12 јули) ќе врши терестичко запрашување против комарци, ноќни пеперутки и други инсекти.

Запрашувањето ќе се одвива на следните локации: крајбрежие на потег од с. Подмоље до Горица, територија на град Охрид, приградските населби, потегот на река Грашница,Коселска Река, с. Велгошти, крајбрежие пред нас.Св.Стефан и крајбрежие од Автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум во периодот од 21 – 06 часот.

Поради запрашување против комарци, Локалната самоуправа ги известува пчеларите на 9, 10,11 и 12- ти јули ( четврток , петок, сабота и недела ), да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, терестичното запрашување ќе се изврши во наредниот поволен период.