Министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков денес и утре присуствува на Неформалниот состанок на Министри, за правда и внатрешни работи на ЕУ кои се одржува во евроспкиот конвенциски центар во Луксембург. На состанокот предвидени се повеќе сесии на теми: Тероризам, Внатрешна безбедност, Акциски план за криумчарење мигранти и Азил. Покрај овие сесии предвидено е министерот да има и неколку билатерални средби со министрите за внатрешни работи на Унгарија, Австрија, Србија, Германија како и со Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција.