Во сабота голема крводарителска акција проследена со хепенинг

Традицијата продолжува! И оваа година, во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст Охрид во соработка со Одделението за трансфузиона медицина од Охрид, а со поддршка и помош на Спортската обложувалница Спорт Лајф, ќе организира голема крводарителска акција, проследена со хепенинг и презентација на активностите на Црвен крст Охрид од страна на младите активисти. Забавниот дел ќе го предводи пејачката Елена Ристеска, а со свој настап ќе и се придружат и познати охридски пејачи. За најсреќните десет крводарители кои ќе бидат извлечени во наградна игра, Спортската обложувалница Спорт Лајф обезбеди вредни награди, а за сите дарители на драгоцената течност, подарок. Манифестацијата ќе се реализира на 11.05.2013 (сабота) од 10-15 ч. на платото помеѓу СО Спорт Лајф (поранешен Премиер) и ТЦ Амам. 

Ги покануваме нашите хумани сограѓани, во сабота, на 11 мај,  да го разубават денот себе си и на другите и да бидат дел од овој хуманитарен настан.