Согласно Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 год. („Сл.гласник на општина Охрид“ бр 17/2014), и решението бр. 09-9947/1 од 10.07.2015 година општина Охрид ЕЛС издава слободни локации за поставување на урбана опрема.
Слободните локации ќе се издаваат врз основа на поднесено барање за издавање на слободна локација. Барањата се поднесуваат во Архивата на општина Охрид. Цените по кои ќе се издаваат локациите се утврдени во Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2015 година и Законот за комунални такси. Краен рок за поднесување на барање за слободна локација е 13-ти јули до 15.30 часот.
За сите подетални информации може да се обратите во просториите на општина Охрид секој работен ден од 15.30 до 16.00 часот.