Антички интензивно се подготвува за свеченото отворање во недела вечер, спектаклот „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф во реализација на продукциската куќа „Ла Фура Делс Баус“ од Шпанија заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и оркестарот и балетот и хорот на Македонската опера и балет.
На новата сцена која благодарение на помошта на Општината годинава доби нов лик, идеално рамна површина, се поставува скапата опрема која треба да го долови впечатокот на невидено шоу во кое ќе има сценско визуелни ефекти, ќе има огромен сад со вода, ќе има движења надополнети со учесниците солисти во самиот проект, балетски точки, пеење, еден музичко сценски спектакл кој со позадинскиот дел на технологиите кои ги овозможуваат современите начини на претставување на делата и визуелно да му дадат тежина. Во еден момент публиката ќе има впечаток дека луѓето лебдат. Гледачите ќе уживаат со уникатно искуство преку шокантни сцени, специјални ефекти и дури и пролетни мириси, ангажирани во силната музика на Карл Оф. Цилиндар со дијаметар од десет метри ќе ја опкружува сцената на Античкиот театар додека со слики на гигантна месечина, топење, водопади, флорални екстази, гроздобер во живо, вино, вода и оган кои ќе бидат проектирани врз него, ќе го илустрираат ова атрактивно дело.
Техничката екипа од тимот на Охридско лето неуморно работи притоа, благодарение на долгогодишното искуство, успешно се справува и со сите предизвици кои тековно бараат дополнително решавање.
„Сконцентрирани сме на финалните подготовки пред почетокот на свеченото отворање на Фестивалот. Заедно со шпанската екипа и раководителот на техничкиот дел, Замира Паскери ги дефиниравме и последните активности за непречена реализација на настанот. Постојано сме на терен сконцентрирани на техничката поставеност бидејќи како никогаш до сега сцената ќе биде визуелно уникатна со многу движења“, вели Љубен Маркоски, организатор на сцени во Охридско лето.
За визуелните ефекти се инсталира најсовремена видео, светлосна и аудио опрема. Впечатокот ќе се надополнува со јачина на звучниците од 10 000 вати, големи лед зидови, ротирачки светла, аудио миксета со можност за озвучување над 100 артисти.
Според техничкиот дел од тимот сцената до утре ќе биде комплетно готова и спремна за генералната проба.
Маркоски информира дека уметниците бараат постојано чиста сцена, чисти гаредеробисо огледало и светло, закачалки како што ги користат по театрите за закачување на гардетробата а се прават и проби за доток и отток на вода за полнење на базенот.