На Ќафасан екстрадиран бегалец од КПУ Идризово

Вчера во времето од 14,00 до 14,30 часот на Граничниот Премин „Ќафасан“ извршена е Екстрадиција од Република Албанија во Република Македонија на лицето Константинидис Никола (1972). Истото е донесено од страна на АПО-Интерпол Тирана-Р.Албанија и е прифатено од полициски службеник од СМПС при МВР на РМ и УПС од ОАС-СВР Скопје, од каде ќе биде спроведено до КПУ Затвор Идризово-Скопје. Лицето се бара поради бегство од КПУ-Идризово.