Предавање за амазонската традиција на лекување во културниот центар „Кула“

Како дел од алтернативната програма во културниот центар „Кула“, Скопје ќе се одржи предавање за амазонската традиција на лекување. Во вторник (14 јули), со почеток во 20.00 часот, медицинскиот антрополог Дон Роберто ќе не воведе во амазонската шаманска традиција и нејзините алтернативни начини на употреба. Предавањето ќе биде фокусирано на лековитото својство на растенијата од амазонските прашуми кои се користат за лекување и за телесна и духовна трансформација во најдлабоките нивоа на човечкото битие. Според традицијата и филозофијата на амазонските племиња, интегралното лекување (во ментална, физичка, емотивна и духовна смисла) на индивидуално ниво придонесува до еволуција на планетарно ниво.

Дон Роберто е Медицински антрополог кој ја изучува и практикува амазонската традиција и лекување со едни од најреномираните практиканти и учители како: Марија Кристина Мендоза, Дона Херлинда Аугустин, Дон Енрике Лопез, Дон Антонио Васкез. Во Перу, тој ги продлабочува своите истражувања со Шипибо мајсторот за лекување, Дон Антонио Васкез. Дон Роберто има следено обуки за практикување на Универзален шаманизам (Core Shamanism) во Фондацијата за шамански студии (Foundation for Shamanic Studies) под водство на азискиот директор Кевин Тарнер. Во овој тип на шаманизам, фокусот ставен на исфрлање на негативната енергија, пронаоѓање на сопствената духовност и шаманско толкување на соништата.

Меѓудругото Дон Роберто има одржано бројни церемони низ светот, како и предавање за амазонската традиција на лекување. Преку овие церемонии и предавања се прославува моќта и мудроста на лековитите билки.

„За мене амазонската традиција поседува моќен и ефикасен пристап во лекувањето, преку третирање со лековити билки кои сѐ досега беа запоставени од западната био-медицинска традиција, а кои би можеле да бидат значајна придружба на сите оние заинтересирани за уметноста на лекувањето и за личниот развој“, вели Дон Роберто.

плакат д.р. 1dreamMedicine__17_