Дефинитивно,најголемата журка која ќе му се случи на Охрид ова лето е тоа што единствените Рудиментал доаѓаат на 2-ри август.
Од „Прагма продукција“ најавуваат дека ова ќе биде најголемиот настан што ќе се случи под отворено небо на плажата „Немо“, затоа што Охрид никогаш не спие.
Само за потсетување, во 2012 година со излегувањето на нивниот прв сингл „Feel the Love” заедно со пејачот Џон Њуман, директно се зацврстуваат на првото место на британската сингл листа. Нивните следни два сингла „Not Giving In” и „Waiting All Night”со пејачката Ела Ер исто така стигнуваат до првото место на британската сингл листа, а нивниот деби албум „Home” ја добива наградата за најдобар албум од страна на Barclaycard Mercury 2013.