Соопштение за арондација и размена

Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието, ги известуваат сите заинтересирани лица дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави соопштение за јавност за сите лица кои користат земјоделско земјиште во државна сопственост a кое им е доделено во постапка на АРОНДАЦИЈА, а ги немаат регулирано имотно правните односи, дека можат да поднесат Барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за склучување на договор за размена согласно член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште ( „Службен весник на Република Македонија“ бр.164/13), со кој е пропишана постапка за регулирање на сопственичко правните односи за склучување на договор за размена.

Во прилог на барањето, потребно е да се достави следната документација:

-ИЗЈАВА од барателот заверена на нотар, под материјална и кривична одговорност со која потврдува дека 20 години непречено и непрекинато го владее земјоделското земјиште во државна сопственост кое му е доделено во постапка на арондација

– ИМОТЕН ЛИСТ – /Доказ за сопственост/, на земјоделското земјиште кое владение го отстапил во постапка на арондација

– ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ со мери и граници на земјоделското земјиште во приватна и државна сопственост кое е предмет на размена

Крајниот рок за доставување на барањата за регулирање и склучување на договор за размена е до 27 Ноември 2014 година.

Подетални информации заинтересираните можат да добијат на тел. 02 3134-477 , на веб страната www.mzsv.gov.mk или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието при Општина Охрид.