Во 1989 година, во својата одлука 89/46, Управниот совет на Програмата за развој на Обединетите нации препорача дека 11 јули треба да се одбележи од страна на меѓународната заедница, како Светски ден на населението. Целта е да се фокусира вниманието на итноста и важноста на проблематиката на населението во контекст на целокупните развојни планови и програми, како и потребата да се изнајдат решенија за овие прашања.
Темата на Светскиот ден на населението за 2015 година е „Ранливо население во итни случаи“.
Светот се соочува со рекорден број на раселени лица како последица на разни кризи – околу 60 милиони, според последните податоци на ОН. Како што светската популација достигна до 7 милијарди луѓе во 2011 година (од само 2,5 милијарди во 1950 година), тоа има длабоки импликации врз развојот. Светот со 7 милијарди е и предизвик и можност за импликации на одржливоста, урбанизацијата, пристапот до здравствени услуги и оспособување на младите.