Изминативе три дена, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил, Министерството за внатрешни работи издаде 1706 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.
Во периодот од 19.06.2015 до 13.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 12.175 странски државјани, од кои, 9.265 се од машки пол, 1.549 се од женски, 1.271 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 90 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-8.592, потоа Авганистан-1.043, Ирак-657, Пакистан-453, Сомалија- 349, Палестина-325, Конго-243, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 13.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 13.07.2015 година се евидентирани вкупно 25 баратели на азил, од кои 16 баратели на азил се мажи, 2 баратели на азил се жени и 7 баратели на азил се малолетни лица. Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, евидентирани се 2 баратели на азил со повреди на долните екстремитети ( двајца мажи ), додека пак бремени барателки на азил како и малолетни лица без придружба на старател не се регистрирани во ЈУ Прифатниот центар.