Како дел од обуката по прва помош која под водство на инструктори по прва помош од Операција Флориан, Англија и Црвен крст Охрид се реализира деновиве во Црвен крст Охрид, предвидено е да се реализира јавна, едукативна презентација на вештини и техники за укажување прва помош. На презентацијата којa ќе се одржи вечерва во 19 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид, стекнатите знаења по прва помош ќе ги презентираат оние кои беа дел од обуката по прва помош: членови од противпожарните бригади од Охрид и Струга, претставници на граничната (езерска) полиција, членови на америкаснкиот мировен копрус во Македонија и спасителите на вода на Црвен крст Охрид.
Тоа, воедно ќе биде и можност за минувачите и посетители на овој настан да научат нешто повеќе за првата помош и пробаат укажување на прва помош или употреба на дефибрилатор на фантом-куклите.