Наскоро оглас за доделување 10 илјади хектари земјоделско земјиште

Наскоро треба да биде објавен оглас за доделување околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште. Половина од тоа ќе биде наменето за лица кои сакаат да земат земјиште до три хектари и половина за лица односно компании кои сакаат да земат повеќе од три хектари. Земјиштето кое е наменето за оние кои ќе земат над три хектари е во струшкиот, ресенскиот и светиниколскиот регион, а оние кои ќе го добијат ќе треба да направат и одредени инвестиции.

„Веќе сме во завршна фаза на подготовки за објавување на околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште и тоа за категорија лица кои имаат потреба од земјиште до три хектари и категорија лица односно компании кои имаат потреба од државно земјиште над три хектари. Ова набрзо треба да помоне низ сите владини процедури“, изјави  премиерот Никола.

Тој појасни дека до три хектари најчесто сакаат да земат лица кои планираат помал бизнис и тоа земјиште е најчесто во рамки на селскиот атар, а над три хектари земаат лица за посериозен бизнис кој е дел од инвестирање на компаниите.

„Оние кои ќе земат земјоделско земјиште над три хектари практично ќе имаат и дополнително обрски да направат одредени инвестиции. Половина од земјиштето или околу 5.000 хектари за оние лица кои се заинтересирани за земјиште до три хектари и исто толку за оние над три хектари“, информира премиерот.

Земјоделското земјиште наменето за тие кои сакаат за земат повеќе хектари, како што истакна Груевски, воглавно е во струшкиот, ресенскиот и светиниколскиот регион. Се надевам, додаде тој, дека оваа можност ќе биде соодветно искористена од многумина кои сакаат да се занимаваат со земјоделие. Оние кои ќе земат земјиште до три хектари ќе бидат лица кои првпат земаат земјоделско земјиште.