Драмскиот дел од 55. фестивал „Охридско лето“ вечер ќе почне со гостување на Новосадско позориште со претставата „Неопланта“ од Ласло Вегел во режија на Андраш Урбан. Селекторот на драмската програма Ѓорѓи Јолевски на денешната прес-конференција „Неопланта“ ја оцени како најиграната, најсилната и најмоќната претстава, која ги крши политичките критериуми за тоа што значи демократија, што значи народ и политички системи, што значи чуството на еден народ кој проаѓа низ различни системи во различни временски периоди.
„На сцената на Долни Сарај ќе биде изведена една фасцинација која сум сигурен дека нема да ја заборавите долго, пред се заради темата, феноменалната актерска екипа и естетиката на Андраш Урбан, кој станува икона на Балканските вриења и вријачи“, рече Јолевски.
Авторот на книгата Ласло Вегел појасни дека се работи за историјата на нaционалните конфликти во кои поединци паѓаат и се вознесуваат, бараат вистина и се лажат, живеат и умираат, убиваат и се убиени, како незапирливи членови, родови и видови меѓу кои стои амбис.
„Романот го обработува Југословенскиот и постјугословенскиот период и различните системи. Во Нови Сад, но и во Македонија системите често се менуваа, со менувањето на монархиите завршувајќи со транзицијата. Живееме во еден темел од нашата историја и нашето минато. Во таа смисла романот е приказна за таа судбина во една сцена ќе видите кога еден човек србин мора да го убие најдобриот пријател со кој заедно се борел на фронтот. И во таа сцена не сакав некаков спектакл, бидејќи во романот е само една реченица. Не сакав да ја завршам со реченица, туку само со еден крик. Тоа е најчудесно во нашата историја да во еден крик е се, таму се нашите животи и нашата несреќа“, рече Вегел.
Уметнички соработник на Новосадскиот театар и асистент на режисерот Урбан, Јудита Ференц дека претставата насатана во перидоот 2013/14 година кога како мото била толеранцијата и Нови Сад како таков град.
„Така настана претставата која го прикажува Нови Сад на друг начин, претстава на брегот на страста која говори за хомосексуалноста и трансексуалноста“, рече Ференц, псочувајќи дека претставта ја става човечката душа на едно повисоко ниво.
Соработката со Андреш Урбан, според актерката Силвија Крижан, не е лесна. Тој според неа е добар човек но во некои прашања никогаш не се согласувале и затоа секогаш имало тензија меѓу нив. Без разлика на таа тензија меѓу нас ние сепак заедно работиме. Често се случува нашите приватни конфликти да се одразат на претставите, но сметам дека мојот успех се должи на тоа несогласување со Андреш. Најголем број од моите награди се во неговите претстави, рече Крижан. Режисерот Урбан е добитник на многу награди и признанија за најдобра режија и сценографија меѓу кои се специјалните награди во Будимпешта во 2010 и во Скопје во 2011 година.