Во врска со немилиот настан кој се случи на 25ти минатиот месец на ул „Борис Кидрич“ во Куманово кога по претходна меѓусебна расправија Б.И.(30) управувајќи ПМВ „Мерцедес Ц200“ заедно со сопатниците неговиот брат Б.И.(23) и Т.Д., со предниот десен дел од возилото намерно ги удрил С.А.(36) од Куманово, неговата сопруга М.К.(36) и нивниот 4 годишен син, кое со тешки телесни повреди било префрлено на Детска хиругија при Државна болница, а подоцна на 01.07. им подлегна на повредите, Министерството за внатрешни работи веднаш по добивањето на пријавата во содејство со Јавен обвинител при ОЈО Куманово изврши увид на местото на настанот и ги презема сите потребни мерки со цел расчистување и документирање на истиот.
Имено против пет лица на 26.06.2016 година СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот Б.И.(30) сторил кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 во врска со член 19 „обид“, додека останатите пријавени лица Б.И.(23), С.А.(36), С.Д.(36) и А.А.(32) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на првипријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира ваквите немили настани да не се користат за предизвикување на меѓуетнички тензии.