„Неопланта“ ја воодушеви публиката во предворјето на Света Софија

На сцената во предворјето на Света Софија синоќа актерите од Новосадско позориште имаа фасцинантна изведба која публиката долго ќе ја памети. Феноменалната актерска екипа и естетиката на Андраш Урбан оставија силен впечаток со тема која ги крши политичките критериуми за тоа што значи демократија, што значи народ и политички системи, што значи чуството на еден народ кој проаѓа низ различни системи во различни временски периоди.

Со претставата „Неопланта“ од Ласло Вегел со која стартуваше драмскиот дел од 55-то јубилејно „Охридско лето“ се оправдаа најавите дека станува збор за силна и моќна изведба и совршена театарска игра. Претставата, која е настаната во перидоот 2013/14 година според уметнички соработник на Новосадскиот театар, Јудита Ференц, го прикажува Нови Сад на друг начин. Според него ова е претстава која ја става човечката душа на едно повисоко ниво. Соработката со Андреш Урбан, според актерката Силвија Крижан, не е лесна, а понекогаш како што вели има и многу тензија. -Без разлика на таа тензија меѓу нас ние сепак заедно работиме. Често се случува нашите приватни конфликти да се одразат на претставите, но сметам дека мојот успех се должи на тоа несогласување со Андреш.

„Најголем број од моите награди се во неговите претстави“, вели Крижан.

„Неопланта“, според Ласло Вегел и Андраш Урбан, е всушност, перманентна историја на националните конфликти, во кои поединци паѓаат и се вознесуваат, бараат вистина и се лажат, живеат и умираат, убиваат и се убиени, како незапирливи членови, родови и видови, меѓу кои стои амбис. Режисерот Урбан е добитник на многу награди и признанија за најдобра режија и сценографија меѓу кои се специјалните награди во Будимпешта во 2010 и во Скопје во 2011 година. 

IMG_0412 IMG_0469 IMG_0473_cr